Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, роднокрајниот автор Емилија Златкова Анастасова го промовираше својот најнов роман „2248“.

Promocija na 2248-2

„И покрај тоа што е дел од серијалот за детективката Силјановска и свештеникот Михаил, романот „2248“, претставува своевиден независен дел. Авторката овој роман им го посветува на сите мајки, како осмомартовски подарок“, изјави во својот говор, промоторката Десанка Николова.
 
„2248“ е четврта книга со детективката Силвија Сиљановска и свештеникот Михаил, и може слободно да се класифицира како крими роман. За мене бројот 2248 нема некое посебно значење. Покрај мајката како лик кој се појавува во романот, главен лик е детето Ангел, кое е дете со аутизам. Целта ми е да покажам со што се соочуваат децата со аутизам и нивните семејства“, изјави авторката Емилија Златкова Анастасова.
Со свои музички точки, Љупчо Стојанов и Дејан Наумов под менторство на професор Илија Настовски од Музичкото училиште „Стефан Гајдов“ Велес, ги разнежнија срцата на присутните. Водител на настанот беше Мартина Стаменкова, додека Марија Бошевска читаше извадоци од романот.