Под мотото „Македонскиот мајчин јазик е најубавиот јазик“ се реализираше донаторска работилница по иницијатива на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, во соработка со Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Литературната асоцијација „Кочо Рацин“ од Мелбурн, Австралија.

Се спроведе активност за обезбедување на литература од македонски автори, за потребите на наставниците кои работат со дечињата кои го изучуваат македонскиот јазик во саботното училиште во Килор Деонс во Мелбурн. Во акцијата се приклучија деца со родители и ученици од различни возрасти, кои ги пакуваа книгите.

Македонскиот мајчин јазик е најубавиот јазик каде и да сме, затоа треба да се сака и изучува уште од најмала возраст. Искрено се надеваме дека оваа литература ќе придонесе за полесно изучување на македонскиот јазик и ќе донесе нови познанства и другарства меѓу децата од Велес и децата на нашите иселеници во Мелбурн.