
По повод месецот на книгата во Библиотеката се одржаа три креативно –книжевни работилници со авторот на книгите за деца „Спирко немирко “ и „Борко брзозборко“ и уредник на списанијата „Росица “ и „Другарче“ , Ксенија Маказлиева Трајчева.


Ученици од сите основни училишта од Велес се запознааа со професијата уредник, дознаа што значи поимот издавачка куќа и на кој начин се создава една книга и списание. Навлегоа во прекрасниот свет на творештвото преку драматизации, литературни творби и читање на раскази .


За учениците да си заминат побогати со знаења и полни со убави импресии заслужна е самата авторка и соодветните одделенски наставници.