Речиси пред две столетија Гоце Делчев изјавил „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар“
Во Локалната библиотека, храмот на културата, мудроста, институцијата која го носи неговото име го чествувавме неговото раѓање, токму со културен натпревар. Натпревар на пишаниот и читаниот збор.
Пред присутните гости, почитувачи на пишаниот збор, вљубеници во литературата, естетиката, фотографијата и музиката беше прикажан видеозаписот за животот и делото на Великанот.
151 годинa од раѓањето на Гоце Делчев
Беа доделени наградите за најчитатели во повеќе категории, како и наградите на литературниот конкурс и фотоконкурсот.
За највозрасен читател пофалница доби Марија Питиќова, а за најчитател Ацо Давчевски.
Во одделот за деца на најмлад читател пофалница доби Петар Димов, а Искра Ивановска за најчитател.
За подрачната библиотека во Градско во одделот за возрасни за најчитател беше прогласена Љубица Велинова, а во одделот за деца Марија Будимова.
Доделени беа благодарници на сограѓани коишто донирале книги. Посебна благодарница доби семејството Здравковски за подмирување членарина на сите новозапишани ученици во септември оваа учебна година.
Програмата беше збогатена со драматизацијата на расказот „Табакерата“ – Ѓ. Абаџиев од страна на учениците од ООУ „Св.Кирил и Методиј“ под менторство на Билјана Коџабашиева.
Присутните уживаа во звуците на музичките нумери „Заветна“ и „Налеј, налеј “ во изведба на м-р Трајче Малинов кавал и м-р Илија Настовски пијано коишто кај сите нас предизвикаа патриотски чувства.