Soptrajanov 1

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одбележаа 116 години од раѓањето на истакнатиот велешки франкофон, писател, преведувач и универзитетски професор д-р Георги Шоптрајанов.

Под менторство на професорките по француски и македонски јазик Мимоза Анчевска и Жаклина Зафирчева, ученици од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и средното стручно „Коле Неделковски“, настапија со оригинални поеми и преводи на литературниот опус на Шарл Бодлер, Аполинер и други француски автори како и со дел од поезијата на Коста Солев Рацин.

Свое обраќање имаше Благој Зашов, поранешен амбасадор во Франција кој евоцираше спомени од своето детство и љубовта кон францускиот јазик и литература. Тој им порача на присутните ученици и понатаму трудољубиво да го учат францускиот јазик кој може да им отвори нови хоризонти во животот.

Тој на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и ги подари неговата прва книга  на француски јазик  и неговиот речник.