Во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес и ЛУ Народен музеј Велес во Ликовниот салон, Д-р Ѓорѓи Малковски ја промовираше книгата „Велес за време на Балканските и Првата светска војна (1912 – 1918)“, во која на 330 страници се опишани случувањата во градот од тој период.
Promocija Malkovski 2
Книгата ја промовираше Стефан Мицов Влахов и во неа има 260 фотографии, карти и скици. Тој истакна дека ова ќе биде еден вид енциклопедија која би ја користеле историчарите, истражувачите, професорите, како и цела јавност и е еден сублимат на Велес за даденото време, аманет и траен белег, за идните генерации да знаат како се живеело во градот во тој период.
 
Авторот потенцираше дека ова е прва книга која дава детален опис и факти, преку слики и сведоштва на луѓе за историјата на Велес за време на Балканските и Првата светска војна. 
 
Настанот го водеше Нада Алексовска, извадоци од книгата читаа Лили Арсова и Јасмина Ѓорѓиева, а со свој музички перформанс настапи хорот при Здружението на пензионери од Велес.