Niz sito i reseto Krlevski 1

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на книгата „Низ сито и решето“ од група автори-афористичари. Воедно се одбележа јубилеј 45 години од творештвото на Атанас Крлевски којшто е еден од авторите на книгата.

Во неа се собрани мудрости, сатира и афоризми од девет македонски автори. За неа повеќе зборуваше промоторот Ива Котев кој што посочи дека само афористичарите можат да кажат многу но со малку зборови,тоа не го може секој. Афоризмите во книгата го поттикнуваат размислувањето но со нишка на хумор. Во нив се собрани мудроста и критиката во исто време и можат да предизвика насмевка на нашите лица.

Присутните уживаа во прочитаните афоризми. Роднокрајниот автор Атанас Крлевски 45 години Атанас чекори по патот на големината на малите реченици-афоризми. За неговите книги беше кажано дека се читаат во еден здив но секогаш не повикуваат да се навратиме и повторно да ја прочитаме, да се задлабочиме во пораките коишто ни ги испраќа. Остроумно и доселиво Крлевски се повикува на своето карактеристично презиме, да биде негов белег за препознавање.

Од страна на Клубот на писатели„Коста Солев Рацин“ му беше доделена Благодарница.

 Жените најмалку зборуваат во февруари, оти има најмалку денови.
 Човек сум од крв и месо .Затоа ме демнат крвопијци и човекојадци.
 Нема судир на генерации!? Возрасните спијат ноќе, а младите дење.
 Не е кодош ! Тој е заштитно име на фирмата.
 За птиците преселници , нема зима.
 Освен ќотекот никој не излегол од рајот.