На 5 септември оваа година во малата сала на Локалната библиотека се одржа промоција на поетската книга „Сонот во моите раце“ од поетесата Љубица Поповска, која живее и твори во Мелбурн. Промотор на книгата беше поетесата Вера Благојевиќ.
Пред присутните, поетесата го истакна своето задоволство од можноста да ја промовира својата најновакнига пред своите земјаци, овде во Македонија, а дотолку повеќе што во Велес, во градот на Рацин, во градот на бардот на македонската поезија, се презентира нејзино дело.
Таа подари повеќе свои дела на присутните читатели, а секако свои дела подари и на Локалната библиотека „Гоце Делчев“.