Во организација на Локалната библиотека„Гоце Делчев“ – Велес на 10.03.2021 година во салата на Општина Велес се одржа промоција на монографијата „Ало Тончо-Бардот на велешката чалгија“ од м-р Трајче Малинов.

Во оваа книжевно дело претставен е ликот на Ало Тончов, виолинист, кој со својата мајсторија бил познат не само во Велес туку и во целата држава.

Во монографијата на Трајче има и фотографии, ноти од песни и ора што се изведувале на свадбите,веселбите. На промоцијата свој осврт дадоа рецензентите доцент д-р Александар Димитријевски етномузиколог на Факултетот за музичка уметност и м-р Игор Крајчев. На промоцијата учествуваа чалгијата на Шукри и чалгијата на Баже.