Промоција на стихозбирката „Преливот на изблиците“ од велешката авторка Светлана Босилкова Далевска. Ова е нејзина четврта книга а е издадена со финансиска поддршка на Агенција за иселеништво на Македонија. Промоторот беше Светлана Ќулумова којашто преку разговор со авторката го откриваше значењето на поезијата.

Preliviot na izblicite 2

Авторката Босилкова Далевска веќе 30 години живее надвор од својата татковина, во далечната Германија. Упати апел до своите читатели да го користат кириличното писмо при пишување објави на социјалните мрежи бидејќи на тој начин светот полесно ќе дознае за македонскиот јазик.

„Јас сум дводомна поетеса или дводомен граѓанин. Македонскиот јазик е мој зарек и на него пишувам, творам. Така ја премостувам туѓината, ја премостувам близината на мојата земја. Бидејќи пишувам електронски, апелирам до сите да не користат латиница при пишување бидејќи тоа не е нашето писмо. Нашето писмо е кирилично, Facebook платформата ја чита целиот свет, и ако некој сака да прочита, нека чита на кирилично писмо со цел да го запознае нашиот убав јазик“- додаде Босилкова Далевска.

Preliviot na izblicite 4

Директорката на градската библиотека, Снежана Бошевска, рече дека и претставува посебна чест кога во Библиотеката се промовираат велешки автори. За време на промоцијата, авторката, со музичка придружба од Благој Пановски – Оршата, пред присутните прочита дел од своите песни.