Промоција на „Тркалаланица“ – првата сликовница од едицијата „Светулка 2“ од авторката Марта Чупевска и илустраторката Тамара Забазноска Промотор беше Емилија Златкова Анастасова која што посочи дека сликовницата е весела песничка и бројаница.
Наменета е за предучилишните дечиња со цел низ песна да се запознаат со бројките, да се потсетат да не ги заборавиле животните и да поднаучат уште некој нов збор во рима. Песничката е разиграна, одбројувањето од десет наназад помага да се вежба памтењето и концентрацијата кај е најмалите.
Самата авторка призна дека инспирација и биле самите животни од Зоолошката градина од Скопје во чија близина живее таа. Илустраторката пак посочи дека цртежот го гледа како одраз на фантастичните светови кои ги носат луѓето во себе ги мотивираше децата да цртаат постојано и да ги искажуваат своите мисли преку илустрацијата.
Директорка на Библиотеката зборуваше за значењето на книгата да биде во рацете на децата уште од најрана возраст.Библиотеката како институција е секогаш отворена за соработка со сите кои придонесуват за развој на творештвото воопшто особено за поттикнување на љубов кон читањето.
Во состав на промоцијата организирана беше и работилница за деца на тема „Новогодишна џунгла“ во која што присутните деца креативно твореа, цртаа и сами создадоа една џиновска приказна во слики.