Ова е проект во којшто наши читатели ја посетија Библиотеката и беа фотографирани помеѓу полиците со книги. Целта е промовирање на Библиотеката и библиотечниот материјал, мотивирање на јавноста за читање и зголемување на љубовта кон книгата. Очекуваме читателите да запознаат  нова книга и да го зголемиме  бројот на членови.

Нашите членови по свој избор но во координација со библиотекарите избраа книга со која ќе се фотографираат. При посетата на Библиотеката читателите се запознаа со начинот на чување и редење на библиотечниот материјал и книгите, со  каков вид на литература располага Библиотеката како и со задачите и обврските на професијата библиотекар. На секое поставено прашање библиотекарите беа подготвени да им одговорат. Читателите беа воодушевени од прецизната организација во редењето на книгите во лавиринтот од полици. На големо задоволство  некои од нив посакаат да бидат библиотекари.

Со оваа активност им даваат предлози  на другите читатели  која книга  да ја  прочитаат што ја има во нашата Библиотека. Најважно правило беше прочитаната книга да не е училишна  лектира, и читателите да се наши членови.

При изработката на фотографиите  се внимаваше да бидат интересни и креативни. Малолетните читателите добија согласност за учество којшто го потпишаа нивните родители.