Со промоцијата на збирката раскази „Под сенката на брезата“ од велешката поетеса и писателка Нада Алексоска, и Локалната библиотека се вклучи во културните настани од годинешниот Летен културен бран. Збирката раскази е прва од ваков тип кој го објавува авторката и изобилува со емоции и лиризам што е главна карактеристика за автор кој негува поетски дискурс.
Промотор на книгата беше велешкиот поет и писател Игор Крајчев, кој книгата ја карактеризираше како своевиден врв на досегашната творечка кариера на Нада Алексоска.
На присутните во полната сала на медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, извадоци од расказите на алексова им прочита велешката поетеса Лила Арсова.