ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

НОВОСТИ

Е-пошта Печати PDF

Промоција на книгата „најздравите продукти на светот“ од Џорџ Мателјан

producti

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и издавачката куќа „ДИД Профил книга“ од Велес организираат голема промоција на грандиозното дело „Најздравите продукти на светот“ од авторот Џорџ Мателјан.

Во оваа книга, на без малку 1000 страници ќе најдете внимателно граден систем кој за прв пат ке ви овозможи детален приказ на вистинските хранливи продукти, нивната важност, избор, чување, подговување, организација и комбинација, ефектите и можноста да бидеме за прв пат свои чувари на доброто здравје.

Промоцијата ќе се оддржи на 14ти септември во салата „Бели мугри“ во Велес, со почеток во 19:30 часот, со промотивен говор на проф. д-р сци. хем. Драгица Зенделовска.

 

Последно освежено на Вторник, 04 Септември 2012 10:02
Е-пошта Печати PDF

Велешка поетска вечер

poetskavecerВечерва со почеток во 19 часот во Младинскиот парк во Велес, во организација на Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“, се оддржи поетската манифестација „Велешка поетска вечер“, на која со своја поезија се претставија поети од неколку македонски градови. Манифестацијата беше збогатена и со учество на балетското студио „Анабела“ кое ќе се претстави со свои балетски точки.

Оваа манифестација се јавува како соработка помеѓу велешкиот поетски клуб „Коста Солев Рацин“ и други клубови од Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Кочани и други градови. Ова беше ретка можност велешани да уживаат во убавиот пишан збор, надвор од најголемата велешка поетска манифестација „Рацинови средби“, а од библиотеката „Гоце Делчев“ најавуваат дека Велес, како поетски град, треба да има и ќе има, повеќе вакви поетски чествувања.

Манифестацијата се оддржува во рамки на „Топлиот културен бран“.

Последно освежено на Понеделник, 03 Септември 2012 07:20
Е-пошта Печати PDF

Поетско чествување во Велес

Crkva_Veles_02_01Во рамки на Топлиот културен бран, Локалната библиотека „Гоце Делчев и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес на 28 август ќе организираат голем поетски хепенинг на кој ќе настапат поети од целата држава.

Поетското читање ќе се случи во чест на Струшките вечери на поезијата а се јавува како продолжение на минатогодишната соработка на велешкиот и кумановскиот поетски клуб, соработка од која се изроди една голема асоцијација на писателски клубови.

Поетското читање ќе започне во 19 часот, а истото ќе се случи во Младинскиот парк во Велес.

 

 

Последно освежено на Среда, 29 Август 2012 13:54

Страница 20 од 20