ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ЗНАЦИ НА МАКЕДОНИЗМОТ“ ОД ОЛГА НОВАЧЕВА

 

olganВо организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Општина Велес, во медиотеката на библиотеката се одржа промоција на книгата „Знаци на Македонизмот“ од велешката писателка Олга Новачева.

Пред полната сала на медиотеката, поздравна и воведна реч имаше Игор Крајчев, директор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, а потоа, за книгата промотивна реч имаше д-р Веле Алексоски, а фрагменти од самото дело читаше поетесата Нада Алексоска.

На крајот на присутните гости им се обрати и авторот на делото, писателката Олга Новачева, објаснувајќи ги скриените сегменти на книгата, како и мотивацијата која придонела кон создавање на нејзината нова книга.

 

 

Share