ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ФАКЕЛ ВЕЧНО ШТО ЌЕ СВЕТИ“ ОД МАРИНА СТОЈАНОВА

marinaНа 20ти јуни во 19 часот, во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одржа промоција на најновата поетска збирка на велешката поетеса Марина Стојанова „Факел вечно што ќе свети“ посветена на големиот поет Коста Солев Рацин.

Оваа книга е продолжување на минатогодишната збирка на Стојанова „Ти во нашите мисли“ кој Стојанова ја издаде со цел чествување на името на големиот поет. За оваа цел, промотивен говор имаше поетесата Нада Алексоска, а стихови од збирката читаше Игор Чоков.

Со оваа промоција Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и оваа недела го продолжува чествувањето на јубилејот 50 години „Рацинови средби“, а најавуваат дека и во наредниот период ќе организираат културни збиднувања со цел што подолго да трае јубилејната еуфорија.

Share