ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „КОГА ЉУБОВТА ПОВИКУВА“

 

marijartoskaВо рамки на Летниот саем на книгата, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во соработка со Општина Велес, организира промоција на поетската збирка „Кога љубовта повикува“ од младата велешанка Марија ’Ртоска.

Промоцијата ќе се одржи во петок на 5.7.2013 година во Ликовниот салон во Велес, со почеток во 19 и 30 часот.

Промотор на делото ќе биде писателот Игор Крајчев.

 Ова е прво поетско дело на младата ’Ртоска. Книгата  ја носи наградата „Книжевен светилник“ на издавачот„Дата песнопој“ од Битола, на чиј конкурс се пријавила и Марија ’Ртоска.

Share