ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „БУДНОСТ ЛОТОС“ ОД ВЕСНА АЦЕВСКА

 

acevska

На 11ти јули годинава, во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, пред велешката публика беше претставено најновото поетско остварување „Будност.Лотос“ на еминетната македонска поетеса Весна Ацевска, за кое во 2012 година ја доби престижната награда „Ацо Шопов“ која традиционално ја доделува Друштвото на писатели на Македонија.

Стихозбирката беше промовирана од страна на директорот на библиотеката „Браќа Миладиновски од Скопје, Бранко

Цветковски кој потенцираше дека Ацевска успешно 25 години наназад го гради својот мудар и сложен, емотивно-хармонизиран книжевен свет во кој говори за траумите на животот.         

Стиховите од збирката на присутните им ги доближи велешката поетеса Лила Арсова.

Share