ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ЈА НОСИ ЛИ ДУШАТА НА ЃАВОЛОТ“

marina

Во организација на Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ на 18.11.2013 година (понеделник) во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одржа промоција на нивиот роман на велешката писателка Марина Димитриевска, со наслов „Ја носи ли душата на ѓаволот“.

Овој роман за своја тематика ја има трагичната судбина на едно македонско семејство, зафатено од виорот на граѓанската војна во Грција, а бегалската сага ги носи во Битола, каде семејството ја доживува својата голгота. Романот изобилува со многу емоции и сигурно ниту еден читател нема да го остави рамнодушен.

Промотор на ова дело беше велешката писателка проф. Нада Алексоска, која истакна дека овој роман не е обичен прозен текст, туку една долга елегија проткаена со длабоки чувства за еден живот.

Пред присутната публика се обрати и авторката Марина Димитриевска која нагласи дека и таа самата ја носи трагиката на бегалската судбина во себе: „Тоа што го доживеа моето и многу други семејства од Егејска Македонија, не би сакала никој и никогаш да го доживее.“

Извадоци од романот читаше писателката Лила Арсова.

Share