ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

ПОЕТСКИ КАРАВАН НА ДПМ

biblioteka logoНа 12.11.2014 година во салата Бели мугрисе одржа Поетски караван на Друштвото на писатели на Македонија, кој беше во чест на 75 годишнината од печатењето на големата поетска збирка „Бели мугри“ на Рацин, а  во организација на Локалната библиотека Гоце Делчев, Гимназијата Кочо Рацин, со поддршка на општина Велес. Поетско читање на свои стихови на караванот имаа 19 македонски поети меѓу кои : Раде Силјан, Гордана Михајлова Бошнаковска, Ристо Јачев, Глигор Стојковски, Кристина Николовска, Веле Смилевски, Бранко Цветкоски, Благој Самоников, Павлина Климкар Меанџиева и други. Свое обраќање на манифестацијата имаа претседателот на ДПМ, Веле Смилевски и директорот на Локалната библиотека Игор Крајчев. Договорено е овој настан, да има традиционален карактер и секоја година во исто време, караванот на ДПМ да го посетува градот.

Share