ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ОЈЛЕ БРАДА ВО ЖИВОТИНСКА БАЛАДА“ ОД ТРАЈЧЕ КАЦАРОВ

biblioteka logoНа 21.11.2014 година во Ликовниот салон, во организација на Локалната библиотека и Општина Велес, а во рамки на 47-те ДРС, беше промовирана книгата „Ојле Брада во животинска балада“ од Трајче Кацаров. Книгата е балада во стихови од седум пиеси, а претставува еколошка приказна  за заштита на животинскиот свет.

Според Кацаров, пораката до најмладите е да ги сакаат  животните и кон нив да гледаат како големи пријатели на луѓето, а од друга страна љубовта кон животните значи и љубов кон природата, всушност кон самите себеси.

Промотор на делото беше директорот на велешката библиотека Игор Крајчев, а на промоцијата се обрати и свое видување даде и самиот автор.

Share