ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

ВРАЧЕНА НАГРАДАТА „БИБЛИОТЕКА НА ГОДИНАТА“ ОД БИБЛИОТЕКАРСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА

biblioteka logoОвогодишен добитник на наградата „Библиотека на годината“ за 2014 година е Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес. Врачувањето на истата беше на 5-ти декември, на свечаноста по повод патрониот празник и 70 годишниот јубилеј на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје.

Наградата му беше врачена на Игор Крајчев, директорот на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес од страна на претседателот на Библиотекарското здружение на Македонија,Благој Николов.

При доделувањето на признанието, во предвид биле земени инвентивниста во настаните, библиотеката да биде културен стожер во градот кој организира настани од таков тип, да има литература која им помага на лицата со посебни потреби, се следеле активностите и соработката со граѓанските здруженија.

Share