ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА 6 БРАЈОВИ КНИГИ

biblioteka logoНа 24 декември во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, беа промовирани уште шест нови наслови, адаптирани на брајово писмо, кои се дел од заедничкиот проект на велешката библиотека и Здружението на слепи лица на Општина Велес за креирање на брајови книги. На 11 книги кои здружението ги донираше минатата година, сега се додаваат и книгите „Пустина“ од Горги Абаџиев, „Печалбари“ од Антон Панов, „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле,„Бегалка“ и „Чорбаџи Теодос“од Васил Иљоски, како и„Три секунди“од Игор Крајчев, а се испечатени на македонски јазик со брајово писмо. Со нив, засега, во Брајовата библиотека „Ратко Пајдаков“ на Здружението на слепи лица во Велес има 17 наслови на книги . Дел од примероците се наоѓаат и во градската библиотека „Гоце Делчев“.

Share