На 10.10. 2018 година во салата „Бели Мугри“, во организација Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и ООУ „Васил Главинов“, а во режија и сценарио на иницијаторот Весна Димитриевска Бобевски, се одржа поетски мултимедијален перформанс во изведба на ученици од училиштето „Васил Главинов“. Тема на вечерта беше поезијата на големиот поет Раде Силјан која силно ги инспирирала учесниците во перформансот. Перформансот беше бурно поздравен од присутните, а почесен гостин на настанот беше и самиот автор, кој на крај од перформансот јавно се обрати до присутните и се заблагодари за честа и посветеноста со која младите учесници ја интерпретирале неговата поезија.