ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

Пријава за огласите на библиотеката можете да симнете од овде

Почитувани,

Сите заинтересирани за огласите за вработување на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, пријавата која вие потребна можете да ја симнете овде. Пополнетата пријава, заедно со неопходните документи, испратете ги на адреса: ул. Алексо Демниевски Бауман, бр.11 1400 Велес, со назнака за кое работно место аплицирате.

 

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВА

 

Врз основа на член 22 од Законот за работните односи („Сл.весник на Република Македонија“ бр. 62/2005..... 120/2018 и „Сл.весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19 ), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14,199/14, 27/16, 35/18 198/18 и „Сл.весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 ), член 76-а,76-б,член 77-а  77-б,77-г, 77д,77-ѓ од Законот за култура(,,Службен весник на Република Македонијабр.31/98,49/03,82/05,24/07,116/10,47/11,51/11,6/12,23/13,187/13,44/14,61/15, 154/15  39/19 и 11/18-) , Правилникот за формата ,содржината на јаввен оглас и пријава за вработување на даватели на јавни услуги и помошно технички лица во Библиотеката, согласност од Министерство за финансии бр18-32/2 од 28.01.2019, Одлука за објавување на оглас бр.02-185  од 12.11.2019  и член 11  од Стаутот на Локалната библиотека „Гоце Делчев “ Велес ,  Локалната библиотека „Гоце Делчев “ Велес објавува  на ден   14.11.2019

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2019

за вработување на  даватели на услуги и помошно технички лица

на неопределено работно време

 

Локалната библиотека „Гоце Делчев “ Велес  има потреба од вработување на неопределено работно време  на :

1.а) назив на работно место- Библиотекар, ниво Д3,  КУЛ 03 04 Д 03 001 (еден извршител);

б)општи услови:

-кандидатот да е државјанин на Република Северна Македонија,

-да е полнолетен,

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да има општа здравствена способност за работно место,

-со правосилна судска пресуда  да не му изречена казна забрана на вршење  на професија,

 

-општи работни компетенции на основно ниво:

Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг,учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест,финансиско управување  и ориентираност кон засегнати страни

(проверка на општите  и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју)

 

Работни задачи и обврски:

-Врши сложени задачи од областа на библиотечната и информациска ,учествува во дефинирање и реализација на набавната политика,врши сложени задачи во процесите на набавка,стручна обработка,обезбедување,пристап,чување,заштита и дигитализација на библиотечната граѓа и библиотечните добра,следи,проучува и применува меѓународни и национални стандарди и нормативи од предметната област,учествува во меѓународни и национални проекти од предметната област,во маркетинг на Библиотеката и соработка со библиотеки и сродни институции од земјата и од странство,учествува во подготовка на стручни и методолошки материјали и програми за едукација од предметната област,учествува во едукација на библиотечниот кадар и развој на библиотечно-информацискиот систем и информацискиот систем за истражувачката дејност,внесува податоци за моногравски публикации во базата БТГКУ,упатува корисници на печатени информативни публикации за самостојно истражување преку цетрални каталози и други референтни изданија,по потреба помага,односно заменува друг работник.

в)посебни услови:

стекнати 240 кредити според ЕКТС  или  завршен VII/1 степен Наука за книжевност

-работно искуство: до една  година работно искуство во струката

-други посебни услови:

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија(англиски,француски,германски) активно познавање на компјутерските програми на канцелариско работење.

 

г) Распоред на работно време: работа  во две смени : прва смена од 08.00 часот до 15,00 часот  и втора смена  од 14.00 часот до 21.00 часот и сабота  од 8.30 до 13.30, 40 часовно–неделно работно време;

 

д) Паричен нето износ  на плата без минат труд: 25.297,00

Јавниот оглас трае 15 дена од денот на неговото објавување во дневениот печат

 

2.а) назив на работно место-Парноложач, ниво Б3,  КУЛ 04 01 Б 03 002 (еден извршител);

б)општи услови:

-кандидатот да е државјанин на Република Северна Македонија,

-да е полнолетен,

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да има општа здравствена способност за работно место,

-со правосилна судска пресуда  да не му изречена казна забрана на вршење  на професија,

 

-општи работни компетенции на основно ниво:

Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг,учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест,финансиско управување  и ориентираност кон засегнати страни

(проверка на општите  и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју)

 

Работни задачи и обврски:

-грижа за навремено и редовно затоплување на просториите, како и за исправност на апаратите за централно греење,прима огревен материјал и се задолжува со истиот,дава неделен писмен извештај за потрошен  огревен материјал,чисење и одржување на грејниот котел и оџакот, навремено откривање на дефекти и нивно брзо остранување,тековно одржување на објектите и инсталациите во објектите,редовна грижа и поправка на инвентарот,одржување и ракување со противпожарните апарати и хидранти,вршење на потребни молеро и фарбарски работи

в)посебни услови:

-основно образование

- со и без работно искуство во струката

г) Распоред на работно време: работа  во две смени : прва смена од 08.00 часот до 15,00 часот  и втора смена  од 14.00 часот до 21.00 часот и сабота  од 8.30 до 13.30, 40 часовно–неделно работно време;

 

д) Паричен нето износ  на плата без минат труд: 15.054,00

Јавниот оглас трае 5 дена од денот на неговото објавување во дневениот печат

 

Напомена: Предвидените работувања за работните места Согласно годишниот план за вработување  за 2019 година:  се  Македонец/ка

 

Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува  за место библиотекар во рок од 15  дена , а за работно место Парноложач 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат не сметајќи го денот на објавувањето на огласот.

Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку потполнување на пријава и приложување на докази за исполнување на услови за работното место.Пријавата за вработување кандидатите може да ја подигнат во Локалната библиотека „Гоце Делчев “ Велес или на web – страницата на Библиотеката www.bibliotekaveles.org.mk

Пријавата за вработување  со задолжителните докази за исполнување  на условите се доставува во директно во архивата  на библиотеката на адреса– Локалната библиотека „Гоце Делчев “ Велес  , ул.„Алексо Демниевски“, бр.11 Велес,или по пошта во затворен плик со назнака „За оглас бр.1/2019

 

Доставување на документација

-Кандидатите  кон Пријавата  треба да ја достават следната документација:

-Биографија –CV

-фотокопија од лична карта

-Уверение за државјанство на РМ(оригинал или заврено на нотар);

-Диплома за завршено  соодветно образование (оригинал или  фотокопија заверена на нотар);

-Потврда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност( не постара од 6 месеци)

- доказ за работното искуство(оригинал или заверен на нотар);

-Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува(оригинал),

 

Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите, проверка на веродостојност на доказите  и интервју.

Локалната библиотека „Гоце Делчев “ Велес  со решение формира Комисија за селекција, која врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.По проверката на веродостојност на доказите, се закажува и врши интервју.

Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни  критериуми, пропишани  од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за потполнување на работно место во Локалната библиотека „Гоце Делчев “ Велес  и начинот на бодување во зависност од категорија и нивото на работно место за кое е објавен јавниот оглас. По спроведената постапка  на селекција, за работното место од јавниот оглас се прави ранг–листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција Во рок од три дена Комисијата за вработување подготвува и доставува  до Директорот предлог кандидат.

Изборот ќе се врши во рок од 5 работни денови по добиениот предлог од Комисијата за вработување,согласно Законот за култура и правните акти на Библиотеката.

 

Локалната библиотека „Гоце Делчев “ Велес 

Игор Крајчев

Share