Почитувани корисници,
Ве известуваме дека Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, од среда, 30.09.2020, започнува со работа.
Работното време на библиотеката останува исто како и претходно - од понеделник до петок од 8 до 16 часот.
Целосно ќе се почитуваат препораките и мерките предвидени во Протоколот за работа на библиотеките.
Ви благодариме на разбирањето и се радуваме што повторно ќе ги примиме нашите читатели, а книгата повторно ќе живее.