ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

Промоција на книгата „Изброј ги ѕвездите“ од Лоис Лаури

На ден 09.09.2020 година беше промовирана новелата „Изброј ги ѕвездите“ од Лоис Лаури на платото пред Ликовниот салон .Организатор беше Локалната библиотека„Гоце Делчев“ Велес.Домаќинот на настанот в.д.директорката на Библиотеката ги поздрави присутните и даде краток осврт на роаманот. За книгата зборуваше Жаклина Мучева – раководител на Секторот за истражување, документирање и архивирање во Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, која ја претстави пред присутните книгата. Романот „Изброј ги ѕвездите“ е вистинска приказна за хероизмот на 10-годишната Анемари за времето на холокаустот во Данска, а воедно е само една трогателна сторија која за среќа завршува позитивно за разлика од онаа на 1.500.000 деца кои беа убиени во Втората светска војна. „Изброј ги ѕвездите“ е роман за хероизмот на една цела држава и нејзината нација која застанува во одбрана на своите сограѓани Евреи, ковајќи план да го прошверцува преку море до Шведска целото еврејско население од Данска (речиси седум илјади луѓе). Извадоци од книгата читаа Валерија и Анастасија Ѓорѓиеви членови на клубот на писатели Коста Солев Рацин од Велес, а ученичките од Основно музичко училиште„Стефан Гајдов“ Велес, Ива Бабуновска и Јулијана Огњанова, со своите виолини ѝ дадоа на промоцијата посебна лирска нота. На крајот од промоцијата присутните имаа можност да го погледнат промотивниот филм за Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, со кој оваа институција беше промовирана и номинирана за награда на Европската музејска академија од 2019 година за најдобар музеј во Европа. презентација за спасените деца Евреи од Македонија имаше Горан Садикаријо извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија , кој направи паралела со приказната на Анемари. Горан Садикаријо зборуваше за помошта и спасувањето која македонските граѓани им ја дале на своите пријатели Евреи. Со публиката сподели оригинални фотографии од спасени деца Евреи.


Share