ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

Промоција на книгата Светлината на зборот од Соња Таировска Ѓурчак

Книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ од поетесата СОЊА ТАИРОВСКА ЃУРЧАК носи прва награда на Дата ПЕСНОПОЈ – Битола КНИЖЕВНИ МЕРИДИЈАНИ Поетесата ни се претставува со една стиховна целина отпеана и на македонски и на германски јазик во која се запишани околу триесетина песни. Во песните во ова дело на Соња Таировска – Ѓурчак се проткајуваат содржини кои се посветени на љубовта кон татковината, печалбарството, одделеноста, за копнежите на душата далеку од татковината и топлото татково огниште.

 

Со овие свои вонвременски стихови поетесата допира многу светови, тие доаѓаат од некаде и заминуваат некаде. Останува белегот во душата, во тој зборот напишан на македонска азбука цврсто се искачува на висината од импресиите и оттаму сјае со сета своја светлина.
Промотори Лила Арсова,Марина Стојанова,Соња Гаврилова,проф,Јасмина Ѓорѓиева и проф.Ана Жежовска од Битола, која и ја преведе книгата на Германски јазик.
Share