ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

Промоција на две книги од Емилија Златкова Анастасова

На 22.10.2020 во ликовниот салон се промовираа две дела на авторката Емилија Златкова Анастасова .

 

Збирката раскази ДЕТЕТО ВО СНЕГОТ, за која промотори беа Родна Јанчева и Соња Гаврилова, а
за најновиот роман„ Близнаци“. од Емилија Златкова Анастасова промотор беше Гордана Николовска.
Детето во снегот“ на авторката Емилија Златкова Анастасова е збирка која во себе содржи раскази, исповеди на родители и стручни изјави на експерти, кои ги поврзува една иста тема: аутизмот. Ова нарушување со кое во Македонија и во светот живеат сè повеќе и повеќе деца, а покрај нив и нивните родители и нивните семејства, е тема на која мора да се зборува. И пишува! Илустративно опишувајќи го аутизмот како заталкување на детето во снегот додека родителите се надеваат и се борат тоа да им „се врати“, авторката ја прикажува и нивната паралелна борба со околината и со целиот свет детето да биде прифатено такво какво што е, со сите свои необични посебности, за да може да се чувствува сакано и прифатено. За да може да биде тоа што е.
Промоцијата ќе се одржи согласно протоколите за заштита од КОВИД -19.
Share