ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

Промоција на книгата Виенски гамбит од Анде Јанков

На ден 30.10.2020 во Ликовниот салон беше Промоцијата на „Виенски Гамбит “од Анде Јанков.Тоа е интригантен, тензичен и непредвидлив роман, кој ве држи во недоумица до последната страница.Промоцијата е во рамките на Bookstar фестивалот на издавачката куќа Антолог, со која се затвора овогодинешниот фестивал. Краток опис на книгата Виктор Николов е 33-годишен инспектор на Одделението за крвни деликти од Скопје. За време на својот летен одмор, заминува за Виена во посета кај својот помлад брат Даниел, пропаднат писател што одвај преживува работејќи како бармен во еден елитен ноќен клуб. Додека ја истражува неодоливата Виена, Виктор ја запознава Карен Фишер, Австријката со која истата вечер завршува во кревет. Но прекрасната ноќ се претвора во кошмарно утро. Девојката на Даниел е пронајдена мртва, а тој нема алиби. На површина излегуваат неодамнешните расправии меѓу нив и ситуацијата се заплеткува во неочекуван правец.

Промотор на книгата беше Денис Бојаров.


Share