ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

Набавени голем број нови книги во Локалната библиотека „Гоце Делчев“-Велес

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес набави книги белетристика и лектири. За љубителите на трилери,приказни со многу моќни пресврти кои овозможуваат возбуда,неизвесност,сомнеж до последната страница. Приказни за љубовта ,страста,предавството , мистерии во најновите изданија набавени од следниве издавчки куќи, кои ќе ве остават без здив:

1.Издавачки центар Три- број на наслови 69 број на книги 183

2.Матица Македонска- број на наслови 26 број на книги 106

3.Антолог - број на наслови 12 број на книги 60

4.Просветно дело- број на наслови 16 број на книги 80

5.Арс Ламина- број на наслови 20 број на книги 87

6.Култура - број на наслови 24 број на книги 113

7.Топер- број на наслови 12 број на книги 60

8.Сакам книги- број на наслови 23 број на книги 183

9.Фонд на холокаустот - број на наслови 7 број на книги 1.

Од 209 наслови 37 се за детскиот оддел 172 наслови се за возрасни.Дијапазонот на набавени книги е широк од психолошски, трилери,романтични. Децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, радост, иднина. Сите деца имаат еднакви права. Библиотеката редовно се грижи за децата збогатувајќи го книжниот фонд со најнови изданија на детска литература.

Предлог за најчитани книги Матица Македонска" „Сестрата на сонцето"- Рајли, Лусинда Часови по заборав- Нермин Јилдирим „Белата хризантема" - Бракт,Мери Лин „Крадачка на книги"- Зусак, Маркус Сакам книги Тајната на Алексови-Наде Стоилковиќ- Сите цвеќина во Париз-Сара Џио Без каење –Колин Хувер Сурова љубов-Колин Хувер Издавчки центар Три Вие сте вашите уверувања-Смиљан Мори 10 минути и 38 секунди во овој чуден сврт од Елих Шафак Разбудете го џинот во себе-Ентони Робинс Култура Сестрите Романови-Хелен Рапапорт Жената во белото кимоно-Ана Џонс Ти подарувам ѕвезди-Џоџо Мојес Топер Дневникот на едно смотано девојче 7,8,9 ,10 книга –детски Тајниот живот на писателите-Гијом Мисо.


Share