ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

Локалната библиотека„Гоце Делчев“ од Велес и оваа година традиционално ги прогласи најчитателите кои изнајмиле и прочитале најмногу книги

Локалната библиотека„Гоце Делчев“ од Велес и оваа година традиционално ги прогласи најчитателите кои изнајмиле и прочитале најмногу книги.

На читателите беа прогласени за најдобри од страна на в.д.директорката Гордана Васковска и им беа доделени пофалници и пригодни награди во книги. Во категоријата за деца за најмлад активен читател беше прогласен Стефан Тодоровски, и најактивен читател е Александар Јордановски.

Во одделот за возрасни за најмногу прочитани книги беше прогласена Валентина Малинова , а за најстар активен читател е Бранка Димова. Најдобрите читатели беа одредени врз основа на бројот на прочитани книги и вредовност при враќањето на истите. Доделувањето на наградите беше со почитување на заштита од Ковид -19. Им честитаме на наградените, а на сите наши членови им посакуваме да имаа убави моменти со најновите изданија што ги користат од Библиотеката.Наша порака кон сите „Нема поубав мирис од мирисот на добра книга.

Share