ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

Одбележан е 18 Ноември , денот на раѓањето на Крсте Петков Мисирков, со изложба на книги

Одбележан е 18 Ноември , денот на раѓањето на Крсте Петков Мисирков, авторот на „За македонцките работи “,со изложба на книги во медиотеката на Локалната библиотека„Гоце Делчев“ Велес. Крсте Петков Мисирков се смета за собирач, историчар, проучувач на македонското народно творештво и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис. Книгата „За македонцките работи “ е најзначајното дело на Мисирков, кое дава основа за стандардизација на македонскиот јазик.Покрај ова дело Крсте Петков Мисирков е автор на списанието „Вардар“ и на голем број научни статии објавени во различни весници.Тој е автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик и оснополшжник и активен учесник во македонските научно – литературни друштва во Белград,Санкт Петербург, Одеса и Софија.

Share