ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

Е-пошта Печати PDF

УЛОГА

Библиотечното функционирање на Матичната Библиотека „Гоце Делчев“ е еден од најважните сегменти за квалитетно културно егзистирање на граѓаните на Општина Велес. Библиотеката со своите книжевни, но и организаторски ресурси е јадро кое овозможува акумулирање на голем број граѓани кои имаат потреба од активен културен живот. На тој начин, таа одигрува водечка улога во креирањето но и задоволувањето на културните стандарди на граѓаните на Општина Велес.

Токму поради таа нејзина клучна улога, од фундаментално значење е создавање на раководен тим, со искуство во културното живеење на градот, но и со книжевно знаење и искуство, кој ќе биде во можност да ги усети, да ди препознае и да помогне во остварувањето на културните потреби на граѓаните. Раководниот кадар мора да одговори, со најголема сериозност, на потребите на културното живеење и со тоа да се етаблира себеси како клучен фактор за успешното работење на самата Библиотека.

Акумулираното искуство, како од областа на книжевната наобразба, така и од областа на книжевното творење, секако ќе одигра важна улога во остварувањето на примарната цел - издигнување на библиотеката на едно ново ниво - мултифункционална библиотека, лидер во регионот, која ќе игра клучна улога во културниот живот во градот.

Share