ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

ПРОМОЦИИ

Е-пошта Печати PDF

Промовирана книгата „Златоусно слово“ од д-р Васил Тоциновски

На 10 октомври, во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ со почеток во 11 часот, се одржа промоција на најновата книга на истакнатиот велешки автор и деец, д-р Васил Тоциновски - „Златоусно слово“. Се работи за научно дело, збирка од есеи кои авторот го сумирал одбележувајќи една епоха од својата научно истражувачка работа, претежно задржувајќи се на својата специјалност, 19-от век, но зафаќајќи и делови од 17 от и раниот 20 век. Промотори на книгата беа исклучителните познавачи на областа, д-р Васил Дрвошанов и д-р Славчо Ковиловски кои се осврнаа на посебни сегменти од книгата и темелно ги обработија сите нејзини аспекти, покажувајќи и докажувајќи нејзината големина и важност. Промоцијата се одржа со поддршка на Општина Велес, а истата беше во рамки на општинското чествување на големиот празник 11 Октомври.

 

Е-пошта Печати PDF

Промовирана книгата „Успеси и заговори 1993“ од Стојан Андов

 

На 4.10.2018 година во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ со почеток во 13 часот, се одржа промоција на книгата „Успеси и заговори 1993“ од првиот претседател на Собранието на Република Македонија, г. Стојан Андов. Промоцијата се по повод објавувањето на неговата најнова книга. Промотори на книгата беа долгогодишниот дипломат и амбасадор во повеќе држави, г. Љупчо Арсовски и г. Раде Силјан, во улога на книжевен критичар и познавач на книжевното дело на Стојан Андов, но и како издавач на истото. Извадоци од книгата читаа дипломирани студенти од ЕСРА, од класата на проф. Мето Јовановски. Во знак на благодарност, на крај збор зема и авторот на делото, г. Стојан Андов кој се заблагодари на присутните и на Градоначалникот на Општина Велес, г. Аце Коцевски, кој ја следеше промоцијата, а на сите кои беа заинтересирани им подари од својата книга.

Е-пошта Печати PDF

Промовиран романот „Јас и Лин, отпосле“ од Ана Стојаноска

Започна со реализација првата промоција од серијата на неколку кои следат годинава, на промоции на дела добитници на Рациново признание. Овој циклус започна со промоција на романот „Јас и Лин, отпосле“ од писателката Ана Стојаноска, кој се закити со престижното Рациново признание во 2017 година.

Промоцијата се одвиваше во форма на книжевен разговор, со неколку циклуси од кратки пасажи, внимателно одбрани од романот, а кои беа совршено интерпретирани од актерите, Васил Зафирчев, Верица Ацеска и Никола Ацески. За дополнителен критички осврт, беше емитуван и краток филм „Филм за еден роман“.

 

 

Последно освежено на Четврток, 27 Септември 2018 07:15
Е-пошта Печати PDF

Промоција на книгата „Сонот во моите раце“ од Љубица Поповска

На 5 септември оваа година во малата сала на Локалната библиотека се одржа промоција на поетската книга „Сонот во моите раце“ од поетесата Љубица Поповска, која живее и твори во Мелбурн. Промотор на книгата беше поетесата Вера Благојевиќ.

Пред присутните, поетесата го истакна своето задоволство од можноста да ја промовира својата најновакнига пред своите земјаци, овде во Македонија, а дотолку повеќе што во Велес, во градот на Рацин, во градот на бардот на македонската поезија, се презентира нејзино дело.

Таа подари повеќе свои дела на присутните читатели, а секако свои дела подари и на Локалната библиотека „Гоце Делчев“.

Страница 1 од 8