ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

ПРОМОЦИИ

Е-пошта Печати PDF

Промоција на дела од велешката авторка Олга Новачева

На 17 мај, оваа година, со почеток во 19 часот и 30 минути, во Ликовниот салон во Велес, се одржа промоција на двете дела од велешката писателка Олга Новачева - „Тивките молњи на Перун“ и „Да се биде“.

Промотори на книгите беа д-р Веле Алексоски и Нада Алексоска. Промоциите беа во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес и Клубот на писатели Коста Солев Рацин од Велес.

Е-пошта Печати PDF

Промоција на книгата „Не паркирај-гаража“ од Трајче Кацаров

 

На 29 мај оваа година, во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, со почеток во 12 часот, беше одржана промоција на најновата книга од писателот Трајче Кацаров, која со задоволство беше проследена од голем број граѓани, но и ученици.

На промоцијата, свои промотивни говори имаа професорите, д-р Виолета Димова и д-р Христо Петрески, а за интерпретација на извадоци од книгата на Кацаров, се погрижи актерот Страшко Милошевски.

Публиката беше задоволна од самиот настан, а дел од присутните, долго по поромоцијата останаа да разговараат со авторот интересирајќи се за оваа, но и за следни негови дела.

 

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ „НЕМАТА ПРИНЦЕЗА“ ОД РОДНОКРАЈНАТА АВТОРКА АДНА БИЛАЛОВИЌ

adnaНа 06.02.2014, во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, а под покровителство на Општина Велес, во библиотеката се одржа промоцијата на романот „Немата принцеза“ од роднокрајната авторка Адна Билаловиќ.

Ова е прво дело на младата Адна, со кое таа дебитира на писателската сцена и според промотивниот говор на нејзиниот промотор професор Лила Арсова, која е воедно и автор на неколку поетски книги, романот „Немата принцеза“ е исклучително квалитетно дело кое навистина заслужува внимание.

Извадоци од романот читаше ученичката Магдалена Лескова, а за крај свое обраќање пред присутните имаше и младата писателка Адна Билаловиќ која се заблагодари и на организаторите и на присутните.

Последно освежено на Петок, 14 Февруари 2014 11:55
Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА ТВОРЕШТВОТО НА МЛАДАТА ПИСАТЕЛКА ИСКРА ДОНЕВА

iskradonevaВо организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, Здружението на лица со церебрална паразила од Велес, Јога друштвото од Велес и Здружението Нова искра од Скопје, а под покровителство на Општина Велес, на 20ти декември во Ликовниот салон беше промовирано досегашното творештво на Искра Донева.

 Промотор на делата на Искра Донева беше директорот на велешката библиотека Игор Крајчев, кој се осврна на елементарниот идеал на поезијата - едноставноста, и како таа е до совршенство постигната во хаикуата и хаигата на Донева.

 Стихови од поезијата на Донева читаа членови на велешкиот клуб на писатели.

 Искра Донева е лице со церебрална парализа но таа упорно се бори во животот а единствената нејзина желба е да прооди. Искра Донева е член на Здружението на лица со церебрална парализа „Нова Искра“ од Скопје кое се бори за подобра социјализација и третман во општеството, на овие наши сограѓани.

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ДИЈАЛОГ СО СРЦЕТО“ ОД ЈАСМИНА ЃОРГИЕВА

jasminapromocijaНа 4-ти декември во Ликовниот салон во Велес, во органзиција на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ а под покровителство на Општина Велес, беше промовирана најновото поетско остварување на младата велешка поетеса Јасмина Ѓоргиева, насловено со едноставниот наслов „Дијалог со срцето“.

Ова е трета збирка на младата поетеса, која се јавува како поетски изблик по 18 годишна пауза од пишувањето, откако како средношколка ги објавила своите први две збирки.

Промотор на делото беше проф. д-р Јордан Ѓорчев, кој истакна дека оваа збирка овозможува едно модернистичко гледиште на современите животни теми, кои се вечни.

Пред полната сала на Ликовниот салон стихови од Јасмина Ѓоргиева читаа Александар Кукулев, како и ученици од Гимназијата „Кочо Рацин“.

Последно освежено на Петок, 14 Февруари 2014 11:35

Страница 3 од 7