ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

ПРОМОЦИИ

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА ПОСТХУМНО ИЗДАДЕНАТА КНИГА НА ТИХО НАЈДОВСКИ

tiho

ПРОМОЦИЈА НА ПОСТХУМНО ИЗДАДЕНАТА КНИГА НА ТИХО НАЈДОВСКИ

„ЖАРЕНКИ И ЖАЛЕНКИ“

Во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Општина Велес, вечерва во Ликовниот салон во Велес се промовираше постхумно издадената книга на бардот на велешката книжевна сцена - Тихо Најдовски.

По повод осумдесетгодишнината од неговото раѓање и промовирањето на најновата книга, за ликот и делото на Тихо Најдовски, како и за книгата „Жаренки и жаленки“ говореа поетот и писател Бранко Цветковски и проф. Марија Ѓоргиева Димова, а стихови и извадоци од новоиздадената книга читаше поетот и писател Игор Крајчев.

Пред бројната публика пред самиот крај се обрати и сопругата на Тихо, Павлина Најдовска која и беше иницијатор за издавањето на оваа книга. Во знак на постојаното пријателство меѓу Тихо Најдовски и децата, гости на промоцијата беа и учениците од основното музичко училиште „Стефан Гајдов“, кои ја збогатија промоцијата со прекрасни музички изведби.

 

Последно освежено на Понеделник, 08 Јули 2013 14:13
Е-пошта Печати PDF

Промоција на книгата „Календар за годините што поминале“

kacarov

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „КАЛЕНДАР ЗА ГОДИНИТЕ ШТО ПОМИНАЛЕ“ ОД ТРАЈЧЕ КАЦАРОВ

Локалната библиотека „Гоце Делчев“, во соработка со Општина Велес, ја организираше промоцијата на најновото книжевно новороденче од мајсторската работилница на Трајче Кацаров - „Календар за годините што поминале“ во издание на издавачката „Дијалог“. Промоцијата која се одржа во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ започна со поздравен говор на директорот на библиотеката Игор Крајчев, кој за оваа прилика прочита и неколку песни од Кацаров со кои сакаше да им го доближи на присутните промовираниот автор. Промотивниот говор за книгата беше дело на д-р Христо Петрески кој се темелно се осврна на ова книжевно дело во кое препозна една нова креација на Кацаров која ја нарече - колумна есеј. На крајот, своја реч имаше и авторот кој им се заблагодари на присутните и топло ја препорача книгата „Календар за годините што поминале“ и истата ја нарече книга за сите времиња.

Со промоцијата на оваа книга продолжува праксата на промовирање на врвни дела од врвни македонски автори, пракса која ќе продолжи и во текот на целата година.

Последно освежено на Среда, 03 Април 2013 22:34
Е-пошта Печати PDF

Промоција на книгата „Лет 555“ од Бобан Богатиновски

pogresen_covekВо чест на Новогодишниот саем на книга, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ пред велешката јавност ја промовираше книгата „Лет 555“ од младиот македонски автор Бобан Богатиновски. За книгата говореше професор Жаклина Свеќарова од Кочани, која истакна дека романескната структура на делата на Богатиновски е значајно освежување на македонска литературна сцена. Богатиновски истакна дека е среќен што токму неговото дело се промовира во Велес, во градот на Рацин и што наидува на одличен прием од читателите.

Последно освежено на Петок, 08 Март 2013 12:34
Е-пошта Печати PDF

Промоција на книга во Ликовниот салон

pogresen_covek

Во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, а во соработка со Општина Велес и Јога здружението од Велес, на 1.февруари во Ликовниот салон во Велес, беше одржана промоција на делото „Сатсанг – средба со вистината“ од авторот Павлос К. Хасанагас. Книгата е замислена како збир на одговори на практиканти на јога, кон кои и всушност се обраќа авторот. Промотор на книгата беше велешанката Светлана Ќулумова, пензионирана професорка по македонски јазик и литература и практикант на јога. Полниот Ликовен салон покажа дека во Велес се повеќе се буди интересот за јогата и дека и литературата од овакв тип повеќе треба да биде застапена на пазарот.

Последно освежено на Петок, 08 Март 2013 12:35
Е-пошта Печати PDF

Промоција на две книги од проф. д-р Васил Тоциновски

tocinovski

На 31ви август во библиотеката „Гоце Делчев“ беа промовирани најновите книги „Затворен ковчег" и Мост од Ѕуница на проф. д-р Васил Тоциновски.

Станува збор за една поетска книга и за едно есеистичко книжевно дело.

Промоцијата се случува во чест на шеесет годишното творештво, на Тоциновски.

„Кажаниот збор се чул или не се чул брзо се заборава, додека пишаниот останува за навек. Оваа промоција ќе остави една трајна трага и континуитет на древниот Велес кој е светски пример и по револуционерната и книжевната позитивна енергија во која светот чекори напред и остава трајни траги зад себе", рече за присутните медиуми д-р Васил Тоциновски.

 Промотори на книгите на беа проф д-р Васил Дрвошанов за книгата „Затворен ковчег“ и проф. Славчо Ковиловски за книгата „Мосто од ѕуница.“

 Присутните беа воодушевени од промовираниот материјал и од стиховите кои беа интерпретирани од страна на велешката актерка Слободанка Чичевска.

 

ГАЛЕРИЈА

Последно освежено на Вторник, 04 Септември 2012 10:00

Страница 6 од 7