ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

НОВОСТИ

Е-пошта Печати PDF

РАСПИШАН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПЕСНА ЗА ПРОЛЕТТА

biblioteka logoЛокалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, распишува конкурс за поетска творба посветена на пролетта. Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од основно и средно образование од Општина Велес, кои ќе имаат можност да творат на темата „Пролет“. Разгледувани ќе бидат само поетските творби. Рокот на пристигнување на песните е 20.3.2015 година, а наградите за најдобрите ќе бидат доделени на свеченост која ќе се одржи на 24 март. Пристигнатите творби ќе бидат поделени во три категории и тоа категорија до 5то одделение, категорија од 6то до 9то одделение и категорија за средношколци. Творбите ќе ги разгледа тричлено стручно жири, кое ќе додели награди за најдобрите поети и признанија за нивните ментори.

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА СОБРАНИТЕ ДЕЛА НА ПИСАТЕЛОТ БРАНКО ЦВЕТКОВСКИ

biblioteka logoНа 20.2.2015 година во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ беше одржана промоција на Собраните дела во пет тома на еминетниот македонски поет и писател Бранко Цветковски. Промоцијата беше одржана во рамки на манифестацијата „Велес - град на култура 2015“. Промотори на книгата беа д-р Веле Смилевски, претседател на Друштвото на писатели на Македонија и истакнатиот македонски поет, писател и книжевен критичар Санде Стојчевски. Извадоци од стиховите на Цветковски за присутните интерпретираше поетот Игор Крајчев.

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „КРУГ ПОЛУ КРУГ“ ОД ИГОР КРАЈЧЕВ

biblioteka logoНа 11.2.2015 година во Ликовниот салон во Велес, а во рамки на манифестацијата „Велес - град на култура 2015“ беше промовирана поетската збирка „КРУГ полу КРУГ“ од поетот Игор Крајчев, која беше наградена со Специјална награда „Караманов 2014“ на минатогодишните Караманови поетски средби во Радовиш. Промотори на книгата беа ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола проф. д-р Златко Жоглев и универзитетскиот професор и писател д-р Венко Андоновски, а стихови од книгата читаше актерката Кети Борисовска.

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА ЗБИРКАТА „ОТВОРЕНА КНИГА“ ОД РАДЕ СИЛЈАН

biblioteka logoНа 22.1.2015 година, во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана најновата поетска книга на великанот на македонскиот стих, Раде Силјан. Настанот беше прва промоција на книга во годинешната манифестација „Велес – град на култура“ и прва промоција воопшто за книгата „Отворена книга“ на Силјан. Промотор на делото беше проф. д-р Златко Жоглев, а стихови од книгата читаа поетот Игор Крајчев и актерката Слободанка Чичевска.

Страница 1 од 20