ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

НОВОСТИ

Е-пошта Печати PDF

Започнува проектот „Промоција на добитници на Рациново признание“

Локалната библиотека од неодамна покрена иницијатива за промовирање на добитници на Рациново признание. Вообичаена пракса на сите реномирани фестивали е при доделување на книжевна награда, особено од рангот и книжевниот габарит на „Рациновото признание“, да се направи и промоција и презентација на книжевното дело кое се наградува, со цел пошироко запознавање на јавноста за оправданоста на доделената награда. Оттука и нашата мотивација за оваа иницијатива.

Овој проект го започнуваме со промоција на наградената книга „Јас и Лин, отпосле“ од писателката Ана Стојановска, која со Рациново признание се закити во 2017 година.

Промоцијата ќе се одржи во малата сала на Локолната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, во вторник, на 25.9.2018 со почеток во 19 часот. На настанот ќе биде презентиран краток филм за книгата, книжевниот разговор ќе го води актерот Сашо Димовски, а извадоци од романот ќе читаат актери од велешкиот театар.

Последно освежено на Петок, 21 Септември 2018 11:31
Е-пошта Печати PDF

Караванот на поетскиот фестивал „Стихувалки“ во Велес“

На 12.9.оваа година, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, заедно со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, беа домаќини на организаторите на поетскиот фестивал „Стихувалки“, кој на својата турнеја низ државата го посети и Велес. Целта на овој караван, како што го нарекуваат официјалните лица на фестивалот е да се промовира творештвото за најмладите, како и да се стимулира творењето за деца, затоа што општ впечаток е дека недостасуваат автори кои ќе творат за деца. Повеќе за ситуацијата околу творештвото за деца, како и за неопходноста од неа, зборуваше промоторот на фестивалот и еден од членовите на жири комисијата, д-р Христо Петрески.

Имено фестивалот започна пред повеќе месеци со повик до авторите кои творат за деца, да испратат свои творби, од кои е направена селекција, и оние кои се оценети со високи оцени се отпечатени во зборник кој носи наслов „Стихувалки 2018“, а од кој, стручна жири комисија ќе одбере прво, второ и трето наградена песна. И присутните на презентацијата, имаа можност да ги слушнат песните и да гласаат за својот фаворит.

Е-пошта Печати PDF

Доделување на наградите од литературниот конкурс за Коле Неделковски

На 3 септември оваа година, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ се вклучиоја во чествувањето на ликот и делото на Коле Неделковски, кое се одржа на две локации и тоа, во дворот на ССОУ „Коле Неделковски“ и во дворот на спомен собата посветена на Коле Неделковски во село Војница. Локалната библиотека која го распиша литературниот конкурс, ги објави резултатите за наградените ученици, преку ФБ страната на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“:

РЕЗУЛТАТИ
ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС
„Ликот и делото на Коле Неделковски“
Жири комисијата составена од членови на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес ја донесе следнава одлука за избор на песни по објавениот конкурс.
Специјална награда „Коле Неделковски“
Мартина Пешова
ССОУ „ Димитрија Чуповски“ Велес
ментор Верица Николова
1 награда
Симона Калешова
ССОУ „ Димитрија Чуповски“ Велес
ментор Верица Николова
2 награда
Наталија Купенкова
ССОУ „ Димитрија Чуповски“ Велес
ментор Верица Николова
3 награда
Тамара Трајановска
СОУ „ Кочо Рацин“ Велес
ментор Александра Стојановска
Останатите учесници се пофалени.
На сите ученици и ментори им честитаме и Ви благодариме за соработката.

Последно освежено на Петок, 21 Септември 2018 09:27
Е-пошта Печати PDF

Литературен конкурс за животот и делото на Коле Неделковски

По повод денот на херојското погибје на поетот и револуционер Коле Неделковски, родум од велешкото село Војница, Локалната библиотека и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, распишуваат литературен конкурс:

ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС

Поетските творби на литературниот конкурс да се на тема:
„Ликот и делото на Коле Неделковски“
Право на учество имаат ученици од основните училишта од 5 до 9 одд и од 1 до 4 година во средните училишта во Општина Велес .
Творбите да бидат напишани во ариел 12 со македонска подршка.
Под секоја творба да стои името на ученикот,која година е ,училиште и ментор и телефонски број од менторот за контакт.
Рокот за испраќање на творбите е 28 август 2018 .
Известување ке има најдоцна до 30 август 2018 на фејсбук страната на Клуб на писатели Коста Солев Рацин и поединечно до менторите.
Доделени ќе бидат по три награди во основно и средно образование .
Клубот предвидува и поетски караван со промоција на наградените песни. За сите активности дополнително ке бидете известени.
Творбите да се испраќаат електронски на e-mail адресата: solevkosta@yahoo.com.
Жири комисијата која ке ги оценува творбите ке биде составена од членови на клубот на писатели..

Ќе ни биде огромно задоволство ако ја прифатите нашата покана да учествувате на конкурсот.

 

Страница 4 од 26