ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

НОВОСТИ

Е-пошта Печати PDF

Чествување на патрониот празник на библиотеката

Оваа година Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес со дводневен сплет на активности го одбележа својот патрон, Гоце Делчев. Имено по повод 4 мај, денот на славната смрт на Делчев, во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес се одржа свеченост на која со свои стихови настапија членови од Клубот на писатели „Кост Солев Рацин“ - Велес. Чествувашето продолжи вече во понеделник, на 7 мај кога во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, беа доделени благодарници за најдобрите соработници на библиотеката, како и традиционалните признанија, за најмлад читател, највозрасен читател, како и за најчитатели, односно членови на библиотеката кои биле најактивни. Не изостана и новото признание, кое неколку години пои ред се доделува а тоа е признанието за најчитател на периодика. Од минатата година, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес воведе и признание за најдобар автор кој бил претставен во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес и прв добитник на ова признание во 2017 година беше писателот, Зоран Пејковски. Оваа година ова признание и припадна на писателката Лилјана Пандева. Чествувањето беше заокружено со промоција на новиот број од книжевното списание Велес, кое се одржа на малата сцена во велешкиот театар, а кое го промовираа д-р Васил Тоциновски и м-р Игор Крајчев.

Е-пошта Печати PDF

Промоција на дела од хрватската писателка Душка Мушиќ

На 11 април годинава, во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес се одржа портрет на еминентната хрватска поетеса и новелистка, Душка Мушиќ. Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес имаше чест да биде дел од турнејата која оваа истакната писателка ја имаше во Македонија. Промоцијата која беше во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, се одржа пред бројна публика која беше воодушевена да слушне повеќе за делата на Душка Мушиќ. Промотори на писателката беа Мирко Томоски и Лила Арсова.

Последно освежено на Среда, 19 Септември 2018 07:20
Е-пошта Печати PDF

Доделување на наградите од литературниот конкурс на тема „Мајка“

По повод светскиот ден на жената 8 Март, во февруари, оваа година, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ - Велес, распишаа литературен конкурс на тема „Мајка“. Право на учество имаа учениците од основно и средно образование, поделени во три категории. Наградите беа доделени на свеченост во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес на 7.3.2018 година. Жири комисијата која ги вреднуваше песните, во состав: Лила Арсова, Божидар Јовиќ и Родна Јанчева, ги донесе следните резултати:

прва категорија за ученици од III до V одд.

1. Анѓела Колодезни III а одд.ООУ „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ – Велес, Ментор: Валентина Петрова,
2 Леа Андонова IV-3 одд. ООУ “Васил Главинов”- Велес
Ментор: Златка Велковска
3. Амила Папиќ IV одд. ООУ„Рајко Жинзифов“Г.Оризари - Велес
Ментор:Борка Тоцинова,
3.Виктор Анчевски IV одд.ООУ „С.Б.Буридан“ Иванковци-Отовица Велес,Ментор: Билјана Коцевска –Трипуновска.

втора категорија за ученици од VI до IX одд

1.Габриела Оцедова Vll-а одд.ООУ „Благој Кирков“ - Велес Ментор: Горан Грков

2. „Мојата мајка“ од Ивана Арсовска 7-а одд ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес, Ментор Анита Мирчева

3. Вероника Гијовска IX-2 ООУ „Блаже Конески“ Велес, Ментор-Иванка Славковска
3. „ Валерија Ѓорѓиева Vll б ООУ„ Јордан Х. К. Џинот“Велес Даниела Трендафилова


трета категорија за ученици од I од IV год.

1. Дарио Стојановски 3-2 клас ССОУ„Димитрија Чуповски“ Велес
Ментор:Љубинка `Ртоска
2. Ленче Ѓорѓиова 1-5 клас СОУ„Гимназија Кочо Рацин-Велес” Ментор: Александра Стојановска
3. „За мама“ Наталија Купенкова I-1 ССОУ ,,Димитрија Чуповски”- Велес
Ментор: Верица Николова
3. „Мајка“ Леона Коцевска I в СОУ„Јовче Тесличков“ Велес
Ментор: Маријан Пракицов.

Последно освежено на Среда, 19 Септември 2018 06:52
Е-пошта Печати PDF

Промовирани седум нови наслови на Брајово писмо

 

На 8 февруари во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, беше промовиран нов сет од седум наслови кои се дел од заедничкиот проект на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Здружението на слепите лица на Општина Велес, за изработка и промоција на книги на Брајово писмо, а со поддршка на Општина Велес. На оваа промоција беа промовирани книгите: „Силјан штркот“ од Марко Цепенков, „Избор“ од Јоеаким Крчовски, „ММЕ кој прв почна“ од Дејан Дуковски, „Така било пишано“ од Сашко Насев, „Млади синови“ од Васил Иљоски, „Антица“ од Ристо Крле и „Грев или шприцер“ од Сашко Насев.

Промотори на новите седум адаптации беа Коце Димов, претстаавник од одделението за слепи лица при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и м-р Игор Крајчев, директор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес.

Со овие најнови седум наслови, Брајовата библиотека во Велес, веќе брои 34 наслови. Традиционално, по еден примерок од секое дело, Здружението на слепите лица на Општина Велес го донираше во Локалната библиотека, каде веќе неколку години постои брајово катче.

Последно освежено на Вторник, 18 Септември 2018 11:17

Страница 5 од 26