ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

НОВОСТИ

Е-пошта Печати PDF

Реализација на проектот „Снимање на аудио книги“

 

Во текот на јануари 2018 година Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во соработка со Здружението на слепите лица на Општина Велес, го реализираше проектот „Снимање на аудио книги“ кој беше финансиран од Министерството за култура на Република Македонија. Овој проект е дел од новите траектории надвижење на велешката библиотека и со кој се ома цел да се зголемува етапно фондот нааудио книги во самата институција, кои се веќе вообичаен дел од светската библиотечна пракса. Во овој проект во аудио формат беа адаптирани три книги, збирки поезија, добитници на награда „Караманов“, како еден вид репер за високо поетско достигнување, и тоа книгите: „Стаклена градина“ од Сања Атанасовска, „Психоаналитичка алхемија од страсти“ од Марина Мијаковска и „Круг полу круг“ од Игор Крајчев.

Последно освежено на Вторник, 18 Септември 2018 10:48
Е-пошта Печати PDF

Промоција на монографијата „Скачинци и скачинчани во постојана преселба“ од д-р Никола Стојановски

На 22 декември (петок) во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана монографијата „Скачинци и скачинчани во постојана преселба“ од д-р Никола Стојановски, изработена во коавторство со неговите внуци Стојан Стојанов и Владимир Стојановски. Во своите 8 глави, оваа монографија се зафаќа со обработка и системско анализирање на сите поважни аспекти од постоењето на селото, но и на обичаите, говорот, како и генеалогијата на голем број семејства кои егзистирале во селото.

Промотори на оваа монографија беа дел од рецензентите на истата и тоа: д-р Анита Василкова Мидоска, проф. Весна Богоевска и м-р Игор Крајчев. Пред бројната публика, за која салата на библиотеката беше претесна, на крај се обрати и д-р Никола Стојановски, кој се заблагодари на присутните и на своите помошници, како и на сите кои со работа, но и со средства го помогнаа излегувањето на ова дело коее плод на долгогодишна напорна и посветена работа.

Последно освежено на Вторник, 18 Септември 2018 10:29
Е-пошта Печати PDF

Велешката библиотека зема учество во акцијата за почист град

 

Во рамки на масовната акција за чистење на Велес, која по повод Светскиот ден на чистењето ја организираше Општина Велес, активно се вклучи и Локалната библиотека „Гоце Делчев“, која со дел од своите вработени придонесе за поубав изглед на нашиот Велес. Вработените од институцијата, работеа на една од понудените локации од Општина Велес, и тоа во населбата Дворови, непосредно до средното економско училиште „Јовче Тесличков“. Заедно со вработените од останатите институции, се направија напори за што потемелно отстранување на ѓубрето од јавните површини и при тоа се дојде до општ впечаток дека вакви и слични акции се неопходни за поубав изглед на градот.

 

 

Е-пошта Печати PDF

РАСПИШАН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПЕСНА ЗА ПРОЛЕТТА

biblioteka logoЛокалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, распишува конкурс за поетска творба посветена на пролетта. Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од основно и средно образование од Општина Велес, кои ќе имаат можност да творат на темата „Пролет“. Разгледувани ќе бидат само поетските творби. Рокот на пристигнување на песните е 20.3.2015 година, а наградите за најдобрите ќе бидат доделени на свеченост која ќе се одржи на 24 март. Пристигнатите творби ќе бидат поделени во три категории и тоа категорија до 5то одделение, категорија од 6то до 9то одделение и категорија за средношколци. Творбите ќе ги разгледа тричлено стручно жири, кое ќе додели награди за најдобрите поети и признанија за нивните ментори.

Страница 6 од 26