ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

НОВОСТИ

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ОД СЛАВЈАНКА ЉУТКОВА

biblioteka logoНа 26.12.2014 година во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана најновата поетска збирка на велешката авторка Славјанка Љуткова, со наслов „Ајде да се сакаме“. Се работи за збирка во која се поместени 56 песни за деца. Промоцијата со поздравен говор ја отвори директорот на библиотеката Игор Крајчев, а книгата ја промовираше поетесата Нада Алексоска. Стихови од книгата читаа членови на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес. 

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА 6 БРАЈОВИ КНИГИ

biblioteka logoНа 24 декември во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, беа промовирани уште шест нови наслови, адаптирани на брајово писмо, кои се дел од заедничкиот проект на велешката библиотека и Здружението на слепи лица на Општина Велес за креирање на брајови книги. На 11 книги кои здружението ги донираше минатата година, сега се додаваат и книгите „Пустина“ од Горги Абаџиев, „Печалбари“ од Антон Панов, „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле,„Бегалка“ и „Чорбаџи Теодос“од Васил Иљоски, како и„Три секунди“од Игор Крајчев, а се испечатени на македонски јазик со брајово писмо. Со нив, засега, во Брајовата библиотека „Ратко Пајдаков“ на Здружението на слепи лица во Велес има 17 наслови на книги . Дел од примероците се наоѓаат и во градската библиотека „Гоце Делчев“.

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ОД БОЖИДАР ЈОВИЌ

biblioteka logoНа 22.12.2014 година во Ликовниот салон, а во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, беше промовирана поетската збирка „Белата бреза“ на роднокрајниот автор Божидар Јовиќ, кому ова му е втора поетска збирка. Квалитетот на самиот поетски дискурс на Јовиќ е признанен и со доделувањето на наградата „Книжевен светилник“, која Јовиќ ја доби токму за оваа книга.

Промотори на збирката беа велешките поети Игор Крајчев и Павлина Климкар Меанџиева.

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА РАЗБОЈОТ НА СОНИШТАТА ОД ЈАСМИНА ЃОРЃИЕВА

biblioteka logoНа 12.12.2014 година во Ликовниот салон во Велес, а во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одржа промоција на новата поетска збирка „Разбојот на соништата“ од роднокрајната поетеса, Јасмина Ѓоргиева. Промоцијата ја отвори директорот на библиотеката, Игор Крајчев, а промотивен говор за делото напиша проф. д-р Јордан Ѓорчев, а извадоци од книгата читаа членови од клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес. Со свој настап промоцијата ја раубавеа и ученици од велешкото музичко училиште. 

Страница 8 од 26