ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

НОВОСТИ

Е-пошта Печати PDF

ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА ПОЕЗИЈАТА НА ВЕЛЕ И НАДА АЛЕКСОСКИ

biblioteka logoНа 6.12.2014година, во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“,  беше обележан 40 годишниот јубилеј од работата на велешките писатели Нада и Веле Алексоски, Нада како поетеса Веле како историчар. Во саботата вечер текстовите од нивите дела, децата од градинките , од основните и средни училиште ги оживеаја со изведба и кореографија, а изработено по идеја на актерката Весна Бобевски.Оваа свеченост се одржа пред многубројната публика во салата Бели мугри.

Е-пошта Печати PDF

ВРАЧЕНА НАГРАДАТА „БИБЛИОТЕКА НА ГОДИНАТА“ ОД БИБЛИОТЕКАРСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА

biblioteka logoОвогодишен добитник на наградата „Библиотека на годината“ за 2014 година е Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес. Врачувањето на истата беше на 5-ти декември, на свечаноста по повод патрониот празник и 70 годишниот јубилеј на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје.

Наградата му беше врачена на Игор Крајчев, директорот на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес од страна на претседателот на Библиотекарското здружение на Македонија,Благој Николов.

При доделувањето на признанието, во предвид биле земени инвентивниста во настаните, библиотеката да биде културен стожер во градот кој организира настани од таков тип, да има литература која им помага на лицата со посебни потреби, се следеле активностите и соработката со граѓанските здруженија.

Е-пошта Печати PDF

АКТИВНОСТИ НА ЛОКАЛНАТА БИБЛИОТЕКА ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА ДРВОТО“

biblioteka logoНа 3.12.2014 година вработените во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ земаа учество на акцијата Акцијата „Ден на дрвото 2014“ која се реализираше со пошумување на локација м.в. Пуплин (Езеро Младост). Вработените во Локалната библиотека традиционално ја поддржуваат оваа акција и со својот личен придонес инвестираат во својата иднина и во иднината на следните поколенија.

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ОЈЛЕ БРАДА ВО ЖИВОТИНСКА БАЛАДА“ ОД ТРАЈЧЕ КАЦАРОВ

biblioteka logoНа 21.11.2014 година во Ликовниот салон, во организација на Локалната библиотека и Општина Велес, а во рамки на 47-те ДРС, беше промовирана книгата „Ојле Брада во животинска балада“ од Трајче Кацаров. Книгата е балада во стихови од седум пиеси, а претставува еколошка приказна  за заштита на животинскиот свет.

Според Кацаров, пораката до најмладите е да ги сакаат  животните и кон нив да гледаат како големи пријатели на луѓето, а од друга страна љубовта кон животните значи и љубов кон природата, всушност кон самите себеси.

Промотор на делото беше директорот на велешката библиотека Игор Крајчев, а на промоцијата се обрати и свое видување даде и самиот автор.

Страница 9 од 26