ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

НОВОСТИ

Е-пошта Печати PDF

КООРДИНАЦИЈА НА АКТИВНОСТИТЕ НА 47-те ДРС

biblioteka logoИ оваа година, Општина Велес, координацијата на активностите на 47-те Детски Рацинови средби и го довери на Локалната библиотека „Гоце Делчев“. Од страна на Градоначалникот на Општина Велес, беше формиран организациски одбор составен од претставници од повеќе институции, чиј претседател е Игор Крајчев, директор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“. Организацискиот одбор има задача да ја осмисли и спроведе програмата на 47-то издание на оваа детска поетска манифестација.

Е-пошта Печати PDF

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВИОТ СИСТЕМ ЗА ДОЈАВА НА ПОЖАР ВО БИБЛИОТЕКАТА

biblioteka logoЗа првпат, во Локалната библиотека е инсталиран и пуштен во употреба систем за дојава за пожари кој се состои од детектори на чад, звучен аларм за дојава, како и центарала на системот. Овој систем за дојава на пожар има за цел да ја подигне безбедноста во целиот објект и да придонесе во поглед на заштита на огромното културно богатство кое библиотеката го поседува во својот библиотечен фонд.

Е-пошта Печати PDF

ПОЕТСКИ КАРАВАН НА ДПМ

biblioteka logoНа 12.11.2014 година во салата Бели мугрисе одржа Поетски караван на Друштвото на писатели на Македонија, кој беше во чест на 75 годишнината од печатењето на големата поетска збирка „Бели мугри“ на Рацин, а  во организација на Локалната библиотека Гоце Делчев, Гимназијата Кочо Рацин, со поддршка на општина Велес. Поетско читање на свои стихови на караванот имаа 19 македонски поети меѓу кои : Раде Силјан, Гордана Михајлова Бошнаковска, Ристо Јачев, Глигор Стојковски, Кристина Николовска, Веле Смилевски, Бранко Цветкоски, Благој Самоников, Павлина Климкар Меанџиева и други. Свое обраќање на манифестацијата имаа претседателот на ДПМ, Веле Смилевски и директорот на Локалната библиотека Игор Крајчев. Договорено е овој настан, да има традиционален карактер и секоја година во исто време, караванот на ДПМ да го посетува градот.

Е-пошта Печати PDF

ВРАЧЕНА БЛАГОДАРНИЦА „9-ТИ НОЕМВРИ“ ОД СТРАНА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

biblioteka logoПо повод 9 ти ноември, денот на Општина Велес, на свечената седница на Советот на Оптина Велес, во салата „Бели мугри“, беа доделени неколку признанија и награди кои традиционално Општината ги доделува на заслужни граѓани и институции кои во изминатата година со својот ангажман ја промовирале општината и придонеле за нејзин развој. Меѓу наградените, годинава беше и Локалната библиотека „Гоце Делчев“, која за својата работа и ангажман на полето на културата, беше добитник на благодарница „9-ти Ноември“.

Страница 10 од 26