ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

НОВОСТИ

Е-пошта Печати PDF

Директорот Крајчев учествуваше на работилница за дигитализација во Радовиш

 

Од 2 до 3 октомври, годинава, во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш, се одржа дводневен семинар на тема „Дигитални библиотеки“ кој е дел од проектот Управување со дигитални збирки: нови предизвици за јавните библиотеки". Проектот се реализира во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола и  Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиша, а финансиски е поддржан од Министерството за култура и Општина Радовиш. Со оваа активност Здружението Инова Либ се вклучи во одбележувањето на европската година за заштита на културното наследство.

Главната цел на проектот е да ја зголеми видливоста на роднокрајните збирки во библиотеките преку прикажување на квалитетни алатки за презентација на роднокрајната граѓа во дигитален облик, и да ги информира вработените во јавните библиотеки за процесите на дигитализација кои се веќе започнати во државата.

На семинарот учествуваа 35 претставници на националните, универзитетските и јавните библиотеки.

 

Е-пошта Печати PDF

Промоција на книгата „Успеси и заговори 1993“ од Стојан Андов

Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Ве покануваат да присуствувате на промоцијата на најновата книга на Стојан Андов, „Успеси и заговори 1993“ која ќе се одржи во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, на 4.10.2018 (четврток), со почеток во 12 часот. Промотори на настанот се Љубомир Гајдов и Љупчо Арсовски, а извадоци ќе интерпретира актерот Мето Јовановски.


Последно освежено на Вторник, 09 Октомври 2018 14:05
Е-пошта Печати PDF

Книжевна средба по повод 50 години од објавувањето на „Дениција“

На 26.9.2018 година (среда), со почеток во 13 часот, во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, се одржа книжевна средба по повод 50 години од објавувањето нанајљубовната македонска љубовна книга „Дениција“. Средбата, која се одржа на иницијатива на Градоначалникот на Општина Велес, господин Аце Коцевски, имаше за цел да ги разбуди, возобнови и реактуелизира бесмртните и вонвременски стихови на Петре М. Андреевски кои и по половина век се’ уште будат силни емоции кај сите генерации љубители на поезијата.

Свои книжевни опсервации на тема „Дениција“ имаа гостите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, универзитетските професори проф. д-р Кристина Николовска и проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска, со кои присутните гости ги воведоа во скриените лавиринти на поетската реч на Андреевски, а понудија и едно компаративно гледање на „Дениција“ на Петре М. Андреевски во констелација со библиската „Песна над песните“.

Стихови од „Дениција“, одбра и интерпретираше Игор Крајчев.

 

 

Е-пошта Печати PDF

Одбележување на 50 години од излегувањето на „Дениција“ од Петре М.Андреевски

Во среда на 26.9.2018 година со почеток во 13 часот, малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, ќе се одржи чествување по повод 50 години од излегувањето на една од најимпозантните македонски поетски книги „Дениција“, објавена во далечната 1968 година. Поетското чествување ќе се одржи на иницијатива и со поддршка на Општина Велес. Со своите книжевни осврти на чествувањето ќе се обратат проф. д-р Кристина Николовска и проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска.

Страница 3 од 26