ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

НОВОСТИ

Е-пошта Печати PDF

ВРАЧЕНА БЛАГОДАРНИЦА „9-ТИ НОЕМВРИ“ ОД СТРАНА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

biblioteka logoПо повод 9 ти ноември, денот на Општина Велес, на свечената седница на Советот на Оптина Велес, во салата „Бели мугри“, беа доделени неколку признанија и награди кои традиционално Општината ги доделува на заслужни граѓани и институции кои во изминатата година со својот ангажман ја промовирале општината и придонеле за нејзин развој. Меѓу наградените, годинава беше и Локалната библиотека „Гоце Делчев“, која за својата работа и ангажман на полето на културата, беше добитник на благодарница „9-ти Ноември“.

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА ЗБОРНИК НА ВЕЛЕШКИОТ КЛУБ НА ПИСАТЕЛИ

biblioteka logoВо четвртокот на 8.11.2014 година, во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ беше промовиран зборникот ,,Велешки поетски пулсирања“.

Тој е издание на Клубот на писатели ,,Кочо Рацин,, од Велес, во кој се пишани поетските стихови на 27 поети од Велес.

Во уредничкиот тим во период од три месеци работеа претседателот на Клубот- Игор Крајчев, професорот Лиле Арсова и Соња Гаврилова, како координатор на проектот, со повремена консултативна помош од поетесите Нада Алексоска и Павлина Климкар Меанџиева.

За издавањето и печатењето на Зборникот, финансиска поддршка Клубот добил од Македонците од дијаспората.

Е-пошта Печати PDF

15-ти РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ

biblioteka logoНа 31. 10. 2014 година, во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа 15. по ред Републички натпревар „Млади библиотекари“, организиран од Библиотекарското здружение на Македонија и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес. На натпреварот зедоа учество 22 напреварувачи од цела Македонија.

Победник на 15. Републички натпревар „Млади библиотекари“ беше прогласена Емилија Илиевска од ОУ „Кирил и Методиј“ од Битола, на второ место беше Пале Ѓорѓиева од ОУ „Кирил и Методиј“ од Велес, а третото место го освои учесникот Мартин Николов од ООУ „Даме Груев“ од Свети Николе. На наградените им беа врачени дипломи и награди за освоените места.
На сите учесници на натпреварот им беа доделини благодарници и по една книга, а исто така со благодарници се стакнаа и нивните ментори.

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА „НА КОЈНИК ДУЌАН ДА ИМАМ“ ОД НИКИФОР СМИЛЕВСКИ

biblioteka logoНа 21.10.2014 година, во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, беше промовирана најновата книга на велешкиот новинар, публицист и истражувач, Никифор Смилевски. Пред многубројната публика, делото го промовираше проф. д-р Марко Китевски кој се ја истакна огромната вредност на делото кој авторот го остава за идните поколенија. Книгата „На Којник дуќан да имам“ се состои од 35 народни песни, претежно од велешкото поднебје, но има и некои кои се од други краишта на Македонија, како и приказните кои се кријат зад песната. Извадоци од книгата, на промоцијата беа читани од членови на клубот на писатели „Коста Солев Рацин од Велес“.

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА АУДИО КНИГА НАРОДНИ ПРИКАЗНИ НА БАЛКАНСКИТЕ НАРОДИ

biblioteka logoНа 14.10.2014 година, аудио книгата ,, Народни приказни од Балканските народи“ беше промовирана во велешката библиотека ,,Гоце Делчев“. Таа е намената за слепите лица и лицата со попреченост во видот.Книгата е издадена по повод 15 октомври Светскиот ден на ,,белиот стап,, симбол на слепите лица.

Таа е наменета за лицата кои во подоцнежниот живот, од различни причини имаат проблеми со видот, па не биле во можност да ја научат Брајовата азбука.

Здружението има издадени повеќе наслови на книги, печатено со Брајово писмо. Аудио книгата ,,Народни приказни од Балканските народи“ е веќе дел од изданијата во Градската библиотека во Велес, и таа ќе им биде понудена и на останати читатели, пред се на децата од претшколска возраст. но и за останатите читатели. Аудио изданието ќе биде дистрибуирано и до сите Здруженија на слепи лица од Македонија.

Страница 8 од 20