ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА, ВЕЛЕС

НОВОСТИ

Е-пошта Печати PDF

ПОМОЦИЈА НА КНИГАТА ОД БАБА РАДА - БИЛКИТЕ НА БАБА РАДА

biblioteka logoНа 19.9.2014 г. во Ликовниот салон беше промовирана книгата „Билките на баба Рада“ која е во издание на издавачкиот центар „Три“, а промоцијата беше во организација на издавачкиот центар „Три“ и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес. Промоцијата се случи во рамки на проектот за претставување на книгата на Баба Рада низ повеќе градови во Македонија, а во Велес, за книгата зборуваше самата авторка на делото, користејќи ја приликата и лично да поразговара со своите читатели. Преполниот Ликовен салон беше претесен за сите кои сакаа да се видат и да поразговараат со баба Рада. 

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ОД МАРИНА СТОЈАНОВА - ШАРКО И ЖАРКА

biblioteka logoНа 11.9.2014 година во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, беше промовирана книгата „Шарко и Жарка“ од роднокрајната авторка Марина Стојанова Манчева. Книгата раскази за деца „Шарко и Жарка“ беше промовирана од страна на прмоторот, проф. Лила Арсова, која се осврна на расказите во книгата и начинот на кој тие кореспондираат со најмладите читатели. Извадоци од книгата читаа членови на Клубот на писатели, „Коста Солев Рацин“ од Велес.

Е-пошта Печати PDF

АКЦИЈА ПОДАРИ КНИГА - ПОДАРИ СВЕТЛИНА

biblioteka logoНа 4.9.2014 година Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес ја објави новата акција „Подари книга, подари светлина“, која подразбира повик до граѓаните за донирање на дел од сопствениот непотребен книжен фонд од домашните библиотеки. Библиотеката ги замоли граѓаните книгите да ги донираат најдоцна до 3 октомври во просториите на библиотеката. Во оваа акција, собраните книги ќе се донираат во Територијалната противпожарна единица и во Центарот за социјални работи. Во претходните наврати, библиотеката собраните книги ги донираше во Бигорскиот манастир, училиштето во с. Иванковци и во СОС Детското село.

Е-пошта Печати PDF

ПРОМОЦИЈА НА КНИГИ ОД ВЛАДАТА

biblioteka logoАвгуст го одбележа претставувањето на добиените книги од Владата на Република Македонија, пред читателите и можноста истите подобро да се запознаат со насловите и содржините на донираните книги. Локалната библиотека „Гоце Делчев“ располага со голем број на книги кои се добиени како донација од страна на Владата на на Република Македонија и истите тие книги се своевиден скапоцен камен со кој библиотеката се гордее. Книгите се меѓу најбараните во институцијата, а истите најмногу ги користат студентите и постдипломците.

Е-пошта Печати PDF

ЛЕТЕН КУРС КОНВЕРЗАЦИСКИ ЧАСОВИ

biblioteka logoВо соработка со волонтерите на Мировниот корпус стационирани во Велес, Локалната библиотека „Гоце Делчев“, и овој јули го продолжува проектот започнат минатата година за изведување на бесплатни конверзациски часови за граѓаните на Велес.

Целта на часовите, е преку директна и непосредна употреба на англискиот јазик со говорители од англиско говорно подрачје да се вежба и подобрува говорниот англиски кај граѓаните. Согласно тоа, сите кои сакаат да ги посетуваат овие конверзациски часови, потребно да имаат макар и минимално познавање на англискиот јазик, како и да располагаат со познавање на одреден фонд на зборови со цел да можат да ги следат часовите.

За таа цел Локалната библиотека објавува повик за граѓаните кои се заинтересирани да се пријават во просториите на библиотека за следење на летниот конверзациски курс.

Страница 10 од 20