Добитничката на наградите „Библиотекар на годината – Павлина Цунева-Маказлиева за 2021 година” од здружението „Средби под јаворите” – Видое Подгорец и Признание за најдобар просветен работник во учебната 2021/22 година од Сојузот на просветните работници и Министерството за образование и наука, вечерва во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес ја промовираше својата автобиографска книга „Пресек“.
 
Maja Trajkovik promocija 1
 
 
„Книга- лекција, наменета за само инспекција, лична голгота сервирана на свечена маса во форма на книжевна храна, што секој ќе рече, отвора нов прозорец кон светот. Јас велам, ова е книга-прзорец што отвора нов свет, по пресекот во животот на авторката”, рече директорката Снежана Бошевска на отворањето на промоцијата.
 
Maja Trajkovik promocija 2
 
 
„Оваа книга ја почуствував, и ја нареков рецензијата „Патување наречено храброст“, и уште во поднаслов, силно и искрено женско писмо. Онака како што само една жена која што поминала низ сите перипетии на една заканувачка болест, како што е карциномот, и која што успеаала да се избори со оваа подла болест. Успеала едноставно да се охрабри да го преживее одново сето тоа. Значи тоа било една борба со себе си, и со една храброст, да се соочиш со сето она низ кое што поминала.
Романот е напишан во автобиографски стил и е поделен на осум дела, седум од нив се патувања, на како гуливеровски, низ различни земји. Се што е напишано во романот е длабоко проживеано, почуствувано и токму затоа романот ја има силината“ кажа во својата рецензија за романот, промоторот на книгата професорката Соња Трајкова.
 
Maja Trajkovik promocija 3
 
Maja Trajkovik promocija 4
„Книгата е личен пресек што ме однесе на патот низ темнината, во друштво на темниот тип “рак” , со кој низ лавиринти, ходници, врати се страда и пати. Но горда на себе, благодарна на најблиските што ми помогнаа во таа борба, успеав да минам низ мрачниот тунел и да ја зграбам светлината на денот и животот. Токму затоа сакав да оставам трајно сведоштво за мојата средба со тој интелигентен “тип” што го знае јазикот на телото, ги познава хемијата, анатомијата, физиката… едноставно е способен низ секојдневните стресови да нѐ кутне на колена. Нека мојот избор на живот и светлината, бидат мотивација и пример за сите оние што минуваат тешки периоди при одот низ животот, рече авторката Трајковиќ.
 
Maja Trajkovik promocija 5
 
Цитати од книгата читаа учениците Јана Пљокова и Александра Чатмова од Гимназијата „Кочо Рацин“ Велес.