Ангела Арсовска победник на натпреварот „Млади библиотекари 2022“

Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес,  се организираше Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2022“, на кој учествуваа ученици од основните училишта: ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ООУ „Панко Брашнаров“, ООУ “Блаже Конески“, ООУ „Тодор Јанев“  Чашка, ООУ „Даме Груев“ Градско и ООУ „Рајко Жинзифов“ с. Оризари. Пријавените ученици  подготвувани од нивните ментори се натпреваруваа во знаење од областа на библиотекарството.

Стефанија Тодоровска ученик во ООУ „Тодор Јанев“ Чашка, деветто одделение, со менторот Мирјана Кичукова го освои третото место. Орданче Јаневски ученик во ООУ „Панко Брашнаров“ Велес  деветто одделение, со менторот Маргарета Роман Тодорова го освои второто место, додека најдобара беше Ангела Арсовска ученик во ООУ „Тодор Јанев“ Чашка  деветто одделение, со менторот Мирјана Кичукова. Со освојувањето на првото место на овој натпревар, Ангела Арсовска се здоби со право да учествува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари 2022“, кој ќе се одржи на 20 мај  во  Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Наградените, со дипломите добија и  книги како награда за освоеното место, а на  другите учесници им беа доделени пофалници за успешно учество на Натпреварот.

 

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовиран романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова. Промотор беше Нада Алексова која во своето излагање ја потенцираше важноста на темата која е секојдневна и реално присутна помеѓу сите нас. Една многу...

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден фото конкурс на тема: „„Книга за во зима“ Фотографиите може да ги испраќаат на нашата меил адреса [email protected] со следните податоци: име и презиме, телефон и возраст....

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден конкурс за 1.Изработка на ликовно-литературна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 2. Поетска или прозна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 3. Поетска или прозна творба на...