Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 Септември денеска беше одбележан во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес со работилница на која учествуваа основци од ООУ ,,Рајко Жинзифов” од село Оризари и ООУ ,,Св Кирил и Методиј” Велес .
Пред присутните говореа роднокрајниот автор Алија Авдовиќ-член на Клубот на писатели,, Коста Солев Рацин” и авторот Аго Хаурдиќ од Куманово кои ги претставија своите дела пред присутните гости.
Свои дела читаа учениците од ООУ ,,Рајко Жинзифов” од село Оризари под менторство на наставниците Менче Андреева и Анита Мечкарова.